Двајца лудаци бегале од лудница. Како што бегале едниот трчал трчал и за да не го примети чуварот скокнал во еден џбун.
– Кој е таму? – викнал чуварот.
– Мјаууу, мјаууу….
– Ах, добро, тоа е само мачка! – воздивнал чуварот.
Вториот лудак исто така трчајќи скокнал во џбунот.
– Кој е таму? – повторно викнал чуварот.
– Уште една мачка! – викнал вториот лудак.