Од денес календарски почнува зимата

Токму во 00:03 часот во ноќта спроти 22-ри декември настапува зимската краткодневица, со што календарски започнува зимата. Со доаѓањето нејзиниот е и најкраткиот ден во годината и најдолгата ноќ.

Зимата ќе трае до 20 март, кога почнува пролетта. Дотогаш ќе поминат 88 дена, 23 часа и 42 минути.

За првиот ден од зимата, метеоролозите најавуваат сончево и ведро време, со температура која ќе достигне 6 степени целзиусови.