Одржан последниот за оваа година Таеквондо турнир -Тигри 2014

Викендов во Скопје, населба Маџари, во салата Методија Андонов Ченто, се одржa последниот за оваа година Отворен Таеквондо турнир – ТИГРИ 2014, во организација на Македонската Теквондо Федерација и Теквондо клубот Тигри, на кое учествуваа 8 клубови од нашава држава.

Како единствен претставник во Македонската Теквондо Федерација од нашиот град беше Таеквондо клубот Хваранг Фист, населба Црногорци, Охрид предводен од меѓународниот инструктор Јосифоски Ацо IV дан, светски Семиконтакт шампион и Европски Теквондо шампион.

„Во прекрасен амбиент, со одлични домаќини, прекрасна публика и одлични борци, нашите 10 натпреварувачи повторно постигнаа значителен успех освојувајќи 1 златна, 7 сребрени и 2 бронзени медали натпреварувајќи се во борби.

Свој дебитантски настап за нашиот клуб имаа Виктор Миленкоски во категорија пионери 2 +45кг,и Огнен Шибакоски – јуниори – 63 кг,кој одлично се претставија и освоија 2 сребра.

Голема благодарност до организаторот,до родителите за подршката и најмногу до БАЛЕ ТУРС,кој несебично ни помага на сите досегашни натпревари во оваа натпреварувачки успешна 2014.“ вели Јосифоски Ацо од ТКД клуб ХВАРАНГ ФИСТ – Охрид.