Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес во Куќата на Уранија во Охрид ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на постојаната музејска поставка „Златото на Лихнитида“.
Поставката која се наоѓа во Музејот на Робевци содржи повеќе од 400 златни и позлатени предмети откриени на археолошките локалитети во Охрид и охридско, со хронолошка припадност од 7 век пред нашата, па се до 19 век од нашата ера.