Три годишно девојче почина од изгореници од пожар во струшко Ново Село

Вчера околу 11:00 часот во с.Ново Село-струшко, во куќата сопственост на Г.И.(32) од засега непознати причини настанал пожар, при што во куќата била неговата три годишна ќерка, која се здобила со изгореници. Девојчето во тешка здравствена состојба било пренесено во Медицинскиот центар во Струга, од каде поради сериозноста на повредите требало да биде транспортирана во болница во Скопје, но пред Кичево состојбата и се влошила, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево, каде во 14:20 часот починала. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. Во согласност со…

повеќе...

Стружанец украл пари во куќа на ул. „Кузман Јосифоски Питу“

НК КР Струга поднесе кривична пријава против Д.М. (31) од Струга поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Во периодот од 08 до 14.07.2017 година во куќа на ул. „Кузман Јосифоски Питу“ во Струга, сопственост на С.Л. (59), пријавениот со оригинален клуч, пронајден под чергата пред влезната врата, влегол внатре и одзел 700 евра, 5.500 денари и 22 американски долари.

повеќе...

Стружанец во дворот пронашол рачна бомба

На 17.06.2017 година околу 10:30 часот во ПС Струга, В.Т. (53) од Струга пријавил дека на 15.06.2017 година во дворот од сопствената куќа пронашол една рачна бомба од непознато потекло. В.Т. ја предал експлозивната направа во ПС Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

повеќе...

Кражба во куќа во Охрид

Вчера околу 17:00 часот во ПС ОН Охрид, Г.М. (31) од Охрид пријавил дека во периодот од 19:00 часот на 01.05.2017 година до 15:00 часот на 02.05.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот дом. Сторителот влегол внатре и одзел поголема количина на златен накит и околу 9. 000 евра. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Партерно се уредува „Светијонската куќа“ во Велгошти

Деновиве ЈП „Градски гробишта“ започна со работни активности за партерно уредување на „Светијонската куќа“ во Велгошти. Површината што се уредува изнесува околу 220 м2, а активностите се очекува да завршат до крајот на неделава.

повеќе...

Кривична за инвеститор кој без одобрение изградил куќа во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т. (47) од Охрид. Пријавениот, како инвеститор, без одобрение за градба и спротивно на законот за градење издадено од надлежен орган, бесправно изградил семејна куќа од П+1 кат на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид. Во текот на февруари оваа година, овластен градежен инспектор од одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид, извршил инспекциски надзор и со записник потврдил дека се работи за бесправно изграден објект, спротивно на Законот за градење.

повеќе...

Општина Охрид покрена иницијатива за помош на Митра Секулоска

Претставници на општинските служби, денеска, по задолжение на градоначалникот Никола Бакрачески, беа во посета на Митра Секулоска, од Горно Лакочереј која живее во тешки услови. Од утре, во заеднички координирана акција со останатите надлежни иституции ќе започнат да се преземаат мерки за подобрување на условите, а потоа и трајно решавање на проблемот на оваа стара жена која живее сама и во несоодветни услови.

повеќе...

Општина Охрид ќе помогне во реконструкцијата на опожарената куќа

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска го посети семејството на Музафер Садик, чија куќа, што се наоѓа на улицата „Даме Груев“, вчера изгоре во пожар, предизвикан од запален оџак. Во пожарот е направена голема материјална штета, но за среќа нема повредени. Градоначалникот Бакрачески, сочуствувајќи со нивната несреќа, вети дека општина Охрид ќе направи се за да му се помогне на Музафер Садик. „Веднаш по поднесувањето на барањето од страна на господинот Садик до општина Охрид, нашата комисија за проценка на штети ќе дојде да изврши проценка, а потоа во консултации со нашите…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи Меѓународна конференција „Богомилство без граници“

На 2-ри септември (петок) со почеток во 10.00 часот во куќата „Уранија“ во Охрид ќе се одржи Меѓународна конференција „Богомилство без граници“. Конференцијата претставува дел од активностите во рамките на проектот „Богомилското движење и богомилската книжевност“, што се реализира помеѓу Македонската академија за науки и уметности и Бугарската академија за науки. Учесници на проектот од Република Македонија се академик Блаже Ристовски – раководител, проф. д-р Маја Ангеловска-Панова – координатор, и проф.д-р Вера Стојчевска-Антиќ. Проектот е дизајниран за историско и културолошко проследување на богомилството сфатено како универзална придобивка. Идентификацијата на цивилизациските вредности…

повеќе...

Преку „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“- 1000 семејства го решија станбеното прашање

Атрактивноста на проектот „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“ не се намалува. Граѓаните и понатаму се искчучително заинтересирани и ја користат оваа мерка која овозможува по многу поволни услови да го решат своето станбено прашање. „Нам ни е големо задоволство што бројката стигна до речиси 1000 семејства кои што го остварија своето право на сопствен дом, користејќи го проектот „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа купи стан“. Тоа е една значителна бројка. Проектите продолжуваат и понатаму“, информира државниот секретар Игор Димитриев. Во моментов како што информира…

повеќе...