Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески упати Божикна честитка до граѓаните од католичка вероисповед.
„Во името на граѓаните на Охрид и во мое лично име на верниците од католичка вероисповед, најискрено им го честитам големиот христијански празник, Денот на Раѓањето Христово- Божиќ. Во името на милосрдието, љубовта и добрината им посакувам многу здравје, среќа, бериќет и семејна хармонија.
Божиќ е празник на мирот и братската поврзаност меѓу луѓето, празник на луѓето со добра воља кои го поттикнуваат животниот оптимизам, ги спојуваат љубовта, добрината, меѓусебната соработка и взаемното почитување. Тоа се општочовечки и цивилизациски вредности врз кои се темели минатото и иднината на светот.
Воедно посакувам, вдахновеноста на божиќните пораки кои ја симболизираат добрината, радоста и помирувањето, да не поттикнат и на меѓурелигиски дијалог и соживот. Само така ќе дадеме заеднички придонес во развојот на толеранцијата и афирмирање на религиозните посебности како важен услов за сеопш напредокот на Охрид и Република Македонија.
На сите верници од католичка вероисповед , кои големиот христијански празник Божиќ го слават според Грегоријанскиот календар, уште еднаш им го честитам овој голем ден, со искрени желби да го прослават во празнична атмосфера во кругот на семејството и пријателите и во духот на човекољубието и добрата мисла- се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески упатена до граѓаните со католичка вероисповед.“- стои во честитката.