Божиќен концерт со прочуениот виолинист Џулијан Рахлин

На 7 јануари, по повод еден од најголемите христијански празници Божик, Македонската филхармонија, со поддршка на Министерството за култура, го одржа традиционалниот Божикен концерт на кој како солист, но и како диригент, се претстави светски познатиот виолинист Џулијан Рахлин. На програмата на овој концерт, кој со силен аплауз и овации беше поздравен од страна на публиката, беа виенски маршеви, романтични увертири, популарни танци… Џулијан Рахлин е еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти на нашето време. Во последните 27 години, тој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат…

повеќе...

Свети цар Давид и Свети Јаков, брат Господов

Денес е празник посветен на Свети цар Давид и Свети Јаков, брат Господов. Свети цар Давид Се празнуваат во неделата после Божик. За царот Давид, синот Јесеев, може да се дознае од Книгите Царства на Стариот Завет. Свети Јаков, брат Господов Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел на Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го за свој брат. Јаков…

повеќе...

Заев: Овој голем ден на раѓањето отвора пат на животот што го избравме

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на големиот празник Рождество Христово – Божик, упати честитка до сите граѓани кои го празнуваат, како и до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. „Овој голем ден на раѓањето отвора пат на животот што го избравме, почитувни граѓани. Ќе бидеме среќни, децата ќе ни бидат насмеани, ќе живееме квалитетно и спокојно сите. Нашиот благослов е во вербата што ја имавме дека е тоа можно и затоа никогаш не престанувајте да верувате во вредностите. Посакавме слобода,…

повеќе...

Божикна честитка од ОК ВМРО – ДПМНЕ Охрид

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, испрати честитка до граѓаните по повод Рождеството Христово – Божиќ. Во неа стои:  Божиќните празници преставуваат денови на хармоничен празничен дом. Денови во кои се чествуваат христијанските вредности врз кои се темелат основните принципи за почит кон православната вера, за почит кон традициите и за почит кон своите блиски. Токму во овие Божиќни празници кога се слави Рождеството Христово нас ни преостанува во целост да се стремиме кон подобро утре со чиста вера и надеж. Нека во овие празнични денови Господ Бог во домовите ни даде здравје,…

повеќе...

Груевски со честитка по повод празникот Рожденство Христово Божик

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски упати честитка по повод празникот Рожденство Христово Божиќ до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и македонски Г.Г. Стефан, но и до сите граѓани. „Ваше Блаженство, Со голема радост и задоволство, на овој величествен ден кога го прославуваме најголемиот и најрадосниот настан во историјата, раѓањето на Божјиот син, од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, Ви го честитам големиот Христијански…

повеќе...

Денес е Рождество Христово – Божик

Божик е најрадосен христијански празник. Бидејќи на овој ден, според христијанската вера се роди Божјиот Син, Исус Христос – Спасителот на светот, Божик е празникот на раѓањето на нов живот, празник на децата и на детството, родителството и создавањето. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божик на 7 јануари. Во повеќето земји во…

повеќе...

Со Божиќна песна низ охридските улици младите охриѓанчиња го најавија Христовото раѓање

По четврти пат, денес, децата пеејќи ја песната Вечниот бог низ охридските улици го најавија Христовото раѓање. Во годинешната Бадникова литија, учествуваа повеќе од 300 деца кои со ѕвезди, фенерчиња и ѕвончиња, рано утринава тргнаа од црквата „Св. Ѓорги“, па преку улиците „Јане Сандански“ и „Кеј Македонија“ стигнаа до Градскиот плоштад каде беа пречекани од претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, по што децата коледарчиња беа дарувани со пакетчиња. „На наше големо задоволство, и оваа година по четврти пат сме дел од старо – новата традиција, Христовото раѓање…

повеќе...

Божиќна честитка од градоначалникот Бакрачески за верниците од католичка вероисповед

По повод Христовото раѓање – Божиќ, кој припадниците на католичката црква го прославуваат денес, 25 декември, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитки до сите верници. „Божиќ е најголемиот христијански празник кој ги истакнува, семејните вредности, човечката добрина и взаемното разбирање. Овој празник на љубовта и добрината нека ви донесе хармонија и спокој, позитивна мисла и светлина и топлина во вашите домови. Божиќ е празник на лубовта и надежта, празник кој не потсетува дека треба да ги следиме етичките начела во нас и да дејствуваме во согласност со честа и вистината. Со…

повеќе...

Католички Божиќ

Христијанските цркви кои го прифатиле сметањето на времето според Грегоријанскиот календар, денес го слават Божик, празникот на раѓањето на Исус Христос. Божик денес, освен Римокатоличката црква и западните цркви, го празнуваат и православните цркви кои на крајот на минатиот век го прифатиле Грегоријанскиот календар. Според евангелиското предание, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеем, така што овој датум како почетокот на новата ера и новата историја на човештвото со разликите во календарите, се пошитува во целиот христијански свет. 13 дена подоцна, Божик според Јулијанскиот календар ќе го прослават…

повеќе...

Започнува Божиќниот пост

За православните христијани од денес (28 ноември) почнува Божиќниот пост. Овој пост е посветен за подготовка и во чест и спомен на раѓањето во тело на Спасителот и Господ наш Исус Христос, кој заради нашето спасение се воплоти, прими тело и стана Човек за да ја подигне и спаси сета човекова природа. Бог стана Човек за да човекот стане бог по благодат. Оваа зададеност Бог му ја дај на човекот уште во рајот за што требал да исполни само една заповед да се воздржува, т.е. да пости. Ако постот му…

повеќе...