Четириесет „кривични“ за 37 правни и три физички лица за бесправна сеча на дрва

СВР Битола постапувајќи согласно претходно изготвени планови за превземање на мерки и активности во рамките на Оперативната акција “Гора“, во периодoт од 01.06.2014 година заклучно со средината на овој месец, односно 15.12.2014 година до надлежните Јавни обвинителства поднесе вкупно 25 кривични пријави (осум од ПС ОН Македонски Брод, по четири поднесени од ПС од ОН Битола, ПС ОН Прилеп и ПС ОН Ресен и пет поднесени од ПС ОН Крушево) со вкупно 37 пријавени физички лица и 3 правни лица.

A. за сторени вкупно 28 кривични дела и тоа: 16 кривични дела по чл.235 ст. 3 – “кражба“, четири кривични дела по чл.226 – “пустошење на шуми“, по две кривични дела – “злоупотреба на службена положба и овластување“, чл.353 и чл. 361 – “фалсификување службена исправа“, три кривични дела по чл.280 – “фалсификување или уништување деловни книги“ и едно кривично дело “фалсификување исправа“ по чл.378 од КЗ на Р.Македонија.

На подрачјето на ПС ОН Македонски Брод и ПС ОН Крушево од превземените активности откриено е пустошење на шума и бесправна сеча на дабови стебла во вкупна количина од околу 520 метри кубни со што е предизвикана материјална штета од 1.545.670 денари.

Во рамки на овие активности запленети се над 270 метри кубни разни видови огревно дрво (претежно даб), одземени се 7 товарни моторни возила и 38 патнички моторни возила, како и 8 трактори, 19 запрежни возила, 1 шпедитер, 14 моторни пили, 10 рачни пили и 5 секири. Предметите се предадени на Шумска Полиција.