30 лица се удавија, а 105 лица ја преживеаја несреќата во која брод удри во карпа на реката Конго.
Бродот и покрај тоа што носел голем товар, тој бил преполн и со патници, а потонал откако удрил во карпа.
Оваа несреќа предизвика протест во градот во кој требало да пристигне бродот. Демонстрантите, кои биле претежно млади лица, биле лути поради загубата на нивните роднини. Тие тврдат дека властите не вршат контроли за безбедносните процедури.
Бродските несреќи се чести во Конго и секоја година во нив страдаат голем број луѓе, а тоа е случај и на реките и на езерата во Конго. Причините се најчесто исти – претоварени пловни објекти кои се наоѓаат во лоша состојба, без многу елеци за спасување, а и фактот што многу луѓе не знаат да пливаат.