Запленети девизи, виагра, технички производи, козметика, ловечка муниција и фалсификати

Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, таблети виагра, техничка стока, модни додатоци, козметички производи, мемориски картички, ловечка муниција, нутритивни додатоци на исхраната и фалсификати. Покрај тоа откриен е и еден обид за влез на дизел гориво за кое постои забран за увоз.

Задржана е следната стока:

Девизи

– 19.700 евра, откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на патничко моторно возило со српски регистарски таблички и личен претрес на возачот – српски државјанин, пријавен за влез во државата. Во кеса од чипс, сместена на совозачкото седиште на возилото, во џеб од јакна сместена на задното седиште, и во џеб од панталоните на возачот, пронајдени се вкупно 29.700 евра. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата.

Виагра

– 346 таблети виагра, откриени на граничниот премин Блаце, при контрола на патничко моторно возило со црногорски регистарски таблички, управувано од шведски државјанин, пријавено за влез во државата. На дното на патен куфер, сместен во багажниот простор на возилото, царинските службеници пронајдоа кеса со 4 кутивчиња со по 28 таблети марка Pfizer, 1 кутија Metformin Sandoz со 231 таблета марка Pfizer и 3 таблети марка Jaguar.

Технички производи

– 90 автоматски прекинувачи марка PIZZATO иERSCE, 21 сигурносни склопки марка AEG, SIEMENS и TELEMAKIQUE, и 7 мерни инструменти марка IMERQ96E иF.C.Misure, откриени на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавената стока е пронајдена во две кутии сместени во задниот дел на багажниот простор на возилото.

– 10 аудио плеерии една сребрена женска алка, откриени во два одвоени случаи на царинската испостава Аеродром Скопје-отсек за стоково царинење, при контрола на стока пријавена за транзитна постапка, наменета за фирми од Косово. Во првиот случај при контрола на стока со потекло од Хонг Конг, пронајдени се непријавени 10 аудио плеери, а во вториот случај при контрола на стока со потекло од Турција, пронајдена е 1 сребрена женска алка.

– 1 фотоапарат марка NIKON D 810, 3 објективии марка NIKKOR LENS, 1 мобилен телефон iPhone 6 и 2 мемориски картички SanDisk Extreme 32GB, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патниот куфер на турски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул.

Козметика и модни додатоци

– 900 козметички производи (лак за нокти, пудри и лосион за тело) и 68 нараквици-бижутерија, откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на патничко моторно возило со грчки регистарски таблички, управувано од грчки државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавената стока e пронајдена во 4 картонски кутии сместени во багажниот простор на возилото.

– 17 рачни часовници од марките Carden, QF, SPORT 5 и WENOS, скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патниот куфер на турски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул.откриени на

Додатоци на исхраната

– 4,8 литри течни нутритивни додатоци за исхрана Kyani Sunset, Kyani Nytro FX и Kyani Nytro Xtreme, и 300 грама нутритивен додаток во капсули Kyani Sunset, откриени на Железничка станица Гевгелија, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој се пријави за влез во државата како патник во меѓународен воз што сообраќал на релација Солун-Скопје-Белград.

Ловечка муниција

– 25 патрони ловечка муниција со калибар 12 и 16 mm, откриени на граничниот премин Делчево, при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Патроните se пронајдени во преградата од возачката врата и во фабричка преграда помеѓу предните седишта на возилото.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 695 машки кошули со ознаки на заштитена трговска марка, откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило со турски регистарски таблички пријавено за влез во државата. Возилото било натоварено со разновидна стока со потекло од Tурција, наменета за фирма увозник од Косово. Пазарната вредност на кошулите, доколку би се продавале како оригинали, е проценета на околу 1,3 милиони денари.
– 288 батерии за мобилни телефони и 2 женски ташни со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два случаи на царинската испостава Аеродром-отсек за стоково царинење, при контрола на стока пријавена за транзитна постапка. Во првиот случај, при контрола на стока со потекло од Хонг Конг, откриени се 288 батерии за мобилни телефони, а во вториот случај, при контрола на стока со потекло од Турција, пронајдени се 2 женски ташни, за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Во двата случаи стоката била наменета за фирми увозници од Косово.

Царинска измама

На царинската испостава Струга, царинските службеници спречија обид за влез на дизел гориво за кое постои забрана за увоз. Фирма увозник од Скопје пријавила за увозно царинење 27.514 кг гориво Еуро Дизел 10 РРМ. Поради сомневање во декларираниот состав на горивото, царинските службеници зедоа мостри и истите ги испратија на анализа во царинската лабораторија, со цел правилно утврдување на хемискиот состав и количината на сулфур во горивото. Бидејќи добиените резултати покажале дека горивото содржи процент на сулфур од 0,0016%, што го надминува дозволениот процент од 0,001%, царинската испостава Струга забрани увоз на горивото во Република Македонија, а против увозникот ќе биде поведена соодветна прекршочна постапка.