Наскоро нова банкнота од 20 евра

Новата банкнота од 20 евра со подобрени сигурносни обележја во рамките на серијата Европа ќе биде објавена на 24 февруари. Ова го соопшти Европската централна банка која на истиот ден ќе ги пушти во оптек тие банкноти, трети од серијата Европа, после банкнотите од 5 и 10 евра.

Серијата е направена за да се подобри квалитетот на банкнотите, но и да се задржи предноста во однос на технологиите на фалсификување.

Евросистемот им помага на производителите, добавувачите и сопствениците на апаратите за проверка на исправноста на банкнотите да се припремат за новата банкнота од 20 евра, која ќе биде изложена во централните банки од еврозоната пред пуштањето во промет како би ја тестирале нејзината веродостојност.