Советот на млади при општина Охрид во пресрет на Новогодишните и Божикните празници упатува честитки до сите млади сограѓани со желби за среќа, здравје, личен и професионален успех.
„Како организација од младите и за младите, Советот на млади и понатаму ќе продолжи да биде иницијатор на идеи и проекти кои ќе придонесат за остварување на интересот на младите луѓе, подобрување на нивната положба во општината, но и нивно вмрежување и претставување на регионално, национално и меѓународно ниво.
Почитувани, нека новата 2015 година биде поуспешна за секој од нас, но и за сите нас заедно.“- стои во честитката.