Новогодишна честитка на „Титоисти“ Охрид

Здружението „Титоисти“ Охрид упатува новогодишна честитка до сите граѓани.

„Почитувани,

Годината која доаѓа, нека биде само мотив да бидеме уште поистрајни во битките кои ги носи денешното време, и од нив да излеземе како победници со насмевка на нашите лица!

Драги наши сограѓани, Новата Година е повод да ги отвориме нашите срца, да посееме мир онаму каде што владее немир, да дадеме љубов на оние на кои им е најпотребна, и со заеднички сили да се посветиме на создавањето на нашата посветла и подобра иднина, во духот на новите почетоци!

Во тоа име, како новоформирана организација, и во деновите кои се пред вас, ви посакуваме бериќет, здравје, среќа и благосостојба на секое поле, затоа што само на тој начин можеме да изградиме силно и стабилно општество и просперитетна држава!

Среќни Новогодишни празници!“- стои во честитката.