ВМРО-НП: Зарем не ќе беше подобро власта да скратеше само еден споменик од милион евра и да купеше опрема за чистење снег?

ОК на ВМРО-НП Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели:

„ВМРО-НП со загриженост реагира на настаните кои ги гледаме во изминатите три дена, каде се покажа дека Македонија Пат и државата се целосно неспособни да се справат со пробивање на еден патен правец во земјава цели три дена, а притоа граѓани останаа заробени во снегот и поповеќе од 20 часа.

Доколку го оставиме популизмот на страна јасно е дека освен акциите кои се правеа пред камерите друго сериозно нешто не се направи, а стотици граѓани, меѓу кои и мали деца и болни луѓе патуваа од Кичево до Охрид повеќе од 20 часа.

Зарем не ќе беше подобро власта да скратеше само еден споменик од милион евра и да купеше опрема за чистење снег? Тогаш Охрид не ќе беше отсечен од светот цели три дена, а прашање е и до кога ќе остане отсечен.“- се вели во соопштението.