„Алфите“ лани по разни основи привеле вкупно 3696 лица

Припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – “Алфа“, во текот на минатата 2014-та година при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 14.690 лица, потоа преглед на 2704 ПМВ а по разни основи приведени се вкупно 3696 лица.

И тоа: По основ на телеграма, потраги, гласник, Наредба од Основен суд – 700 лица, поради сомнение за извршено кривично дело – 483 лица, по извршено кривично дело – 260, на лице место во вршење на кривично дело приведени се 113 лица, за издржување на казна затвор – 109 лица, за утврдување на идентитет – 88, за држење недозволени предмети – 80 лица и странски државјани со нерегулиран престој во РМ – 51 лице;

Вкупно приведени лица по ЈРМ – 545
– Физички напад – 94
– Нарушен ЈРМ – 267
– Учество во тепачка – 184

Вкупно приведени лица со оружје – 44
– пиштол – 12
– сингален пиштол – 15
– пушка – 2
– експлозивни и пиротехнички средства – 15

Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 731
– НН тревкаста материја – 600
– НН прашкаста материја – 94
– НН таблети – 14
– НН течност – 19
– НН материја – 4

Вкупно приведени лица со ПМВ – 386
– по телеграма – 248
– сообраќаен прекршок – 113
– поради сомнение за извршено кривично дело – 3
– останато – 22

Вкупно приведени лица со ТМВ – 63

Приведени лица со моторцикл без документи – 24

Вкупна дадена асистенција – 154
– при вршење претрес на дом и други простории – 148
– асистенции по други основи – 6

Останати активности на единицата
– Предадени 166 лица за нарушен ЈРМ (тепачка, физички напад, и сл.)
– Предадени четири малолетни лица
– Предадени 27 сторители на кривични дела
– Пронајдени возила барани по телеграма – 27
– Пронајдени и предадени 28 ПМВ и четири мотоцикли предмет на кривично дело
– Предадено моторни возила – 12
– за сторен сообраќаен прекршок – 307 лица
– странци со нерегулиран престој – 507
– останати случаи на предадени лица – 44
– обезбедување – 24

Вкупно извршен спровод на 50 лица.