Според критериумите на „International Living.com“ Еквадор е прогласен за најдобра земја за уживање во пензија за 2015 година.
Оваа јужноамериканската држава се најде на врвот на листата на места погодни за пензионирање, пред се поради топлата клима, пристапните цени за живеење, забава и други бројни содржини.
Еквадор доби 92,7 бодови од максималните 100, а најдобри оцени има за климатските услови, трошоците за изнајмување или купување на недвижнини, цени на авионски карти, јавен превоз и многу други услови кои властите им ги нудат на пензионерите.
Веднаш зад Еквадор на листата се наоѓаат Панама, Мексико, Малезија и Костарика.
Од европските земји најдобро е рангирана Шпанија која се наоѓа на шестото место со 86,1 бод. Нејзини адути се топлата клима и ниските трошоци за живот, а најмногу бодови Шпанија доби благодарение на добрата инфраструктура, здравството, но и забавата.