Исплатена јануарската пензија

Се известуваат корисниците на пензии дека денеска е исплатена јануарската пензија. На сметките на 289.336 пензионери префрлени се 3.604.984.680 денари.

Просечната пензија во јануари изнесува 12.487 денари.