Денес во просториите на МКФ беше одржано извлекувањето на двојките за четвртфиналните и полуфиналните натпревари од Младинскиот Куп на Македонија 2015. Првите натпревари почнуваат на 24 и 25 јануари.
Седумте учесници на Младинската лига до 20 години ќе бидат дел и од Куп натпреварувањето во Младинска конкуренција за оваа година, односно ќе се борат за трофејот во седмото по ред издание на Младинскиот Куп. Според системот на натпреварување се игра по еден натпревар, а победниците обезбедуваат пласман во наредната фаза. Четвртфиналните и полуфиналните двојки, заедно со домаќините на натпреварите, денеска беа одредени по пат на извлекување. Непарниот број на пријавени екипи значи дека еден од тимовите директно ќе го почне натпреварувањето од полуфинале, а ждребката сакаше тоа да биде актуелниот освојувач – МЗТ Скопје Аеродром.
Четвртфинале (24-25 јануари 2015)
Фени Индустри – Шкупи
Кожув – Карпош Соколи
Работнички – Вардар
Полуфинале (31 јануари – 01 февруари 2015)
МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри/Шкупи
Работнички/Вардар – Кожув/Карпош Соколи
Финалето на Младинскиот Куп традиционално ќе се одржи на денот на финалето и на Сениорскиот Куп на 22 февруари 2015 година. Бранител на трофејот од лани е МЗТ Скопје Аеродром кој на финалето во Охрид минатата година го совлада Шкупи со 80-55. Инаку, најтрофеен во Младинскиот Куп засега е Вардар со 4 освоени трофеи, додека покрај МЗТ, еден трофеј има и тимот на Работнички.