Вечерва ќе горат бадникарски огнови

Како и секоја година, по повод утрешното празнување на Бадник, верниците во сите населени места вечерва палат бадникарски дрва.

Стара македонска традиција, Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни и ора, со желби за здравје и бериќет.