Припадници на повеќе организациони единици при СВР Скопје во содејство со инспекциски органи од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи и Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат согласно претходно подготвен план за контрола на угостителски објекти продолжија со контролите во угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје, така што вчера (07.01.) извршија контроли во вкупно 16 правни лица – угостителски објекти.
Во два угостителски објекти од вчера контролираните не беа евидентирани никакви неправилности: угостителски објект на ДТУ “МАТО КАФЕ“ – подружница – ДЕЖАВУ лоциран на ул. “Кирил и Методиј“ и ДУПУ “ГО-БА УРДИН ДООЕЛ“ Скопје подружница ГО-БА-1 на ул. “Кеј 13-ти Ноември“.
Исто така, во шест угостителски објекти контролите не беа извршени бидејќи истите беа затворени: објект ВЕНЕТО лоциран во Сити Мол; угостителски објект АРИСТОКРАТ лоциран до ПС Гази Баба; угостителски објект БРАВОС лоциран на ул. “13 Јули“; угостителски објект ЧАО во Градски трговски центар; угостителски објект СТАР ОКЕАН лоциран во Капитол Мол на бул. “Јане Сандански“; и угостителски објект АВАНТИ во Градски трговски центар.
Во угостителскиот објект кафе бар “МИСТЕР ЏЕК ДООЕЛ“ лоциран на бул. “Партизанска“ при извршената контрола од страна на УЈП не беа констатирани неправилности, додека од страна на ДПИ беше констатирано дека објектот не поседува нормативи за храна за што е издадена покана за 08.01.2015 год. истите да бидат достави на увид во ДПИ. Истоветно е констатирано и за “ДУТ Пицерија ЦИРИХ“ лоцирана на ул. “Џон Кенеди“.
Во угостителски објект на “МЕНАДА КОМПАНИ ДООЕЛ“- подружница БУГАТИ на ул. “Љубљанска“ј при извршената контрола од УЈП беше констатирано нерегистрирање на готовински промет преку фискален апарат, за што е изречена глоба во износ од 3.250 евра во денарска противвредност од кои 2.500 евра за правното лице а 750 евра за одговорното лице во правното лице, како и Решение за забрана за вршење на дејност во времетраење од 15 дена, додека од страна на Државниот пазарен инспекторат не беа констатирани неправилности.
Во “ДТУ СИГНУС ТРЕЈД“ Скопје подружница СИТИПЛЕЈ од страна на ДПИ утврдени се неправилности, односно во објектот се затечени физички лица кои што пушат, за што изречена е глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице, а од страна на УПС издадени се три платни налози и изречена глоба на физички лица од по 150 евра во денарска противвредност за сторен прекршок согласно Законот за заштита од пушење, додека од УЈП не беа констатирани неправилности.
Во ДПТУ “КОНСТРАКШН ИНВЕСТ ГРУП ДОО“ Куманово – подружница ЧАПТЕР-2 Сити Мол при извршена контрола од страна на УЈП не беа констатирани неправилности, додека од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е пушење во објектот спротивно на Законот за заштита од пушење и изречена е глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице, а од страна на УПС издадени се четри платни налози и изречена глоба на четри физички лица од по 150 евра во денарска противвредност заради пушење во објект.
Во ДУ “БО КОНЦЕПТ ДОО“ Скопје подружница Скопје Сити Мол при извршената контрола од страна на УЈП не беа констатирани неправилноти додека од страна на ДПИ беше консатирано дека не поседува нормативи за вид и количина на храна што се послужува во објект, за што беше изречена глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице.
Во Угостителски објект ДТ “ПЛАЗА ДЕ ТОРОС ДООЕЛ“ Скопје во ГТЦ на ул. “Кеј 13-ти Ноември“ при извршената контрола од страна на ДПИ беа утврдени неправилности – пушење во објект спротивно на Законот за заштита од пушење, односно затечени се осум лица кои што пушат во објектот, за што е изречена глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице, а од страна на УПС издадени се осум платни налози и изречена е глоба во износ од по 150 евра во денарска противвредност на осум физички лица кои што пушеле во објектот додека од страна на УЈП не беа констатирани неправилности.
И во ДТУ “КАПИТОЛ ПЛЕЈ ДООЕЛ“ лоциран на бул. “Јане Сандански“ при извршената контрола од страна на ДПИ не беа констатирани неправилности, додека од страна на УЈП беше констатирано неиздавање на фискални сметки преку фискален апарат, односно нерегистрирање на готовински промет, за што изречена е глоба во износ од 3.250 евра во денарска противвредност од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице.
Инаку, во изминативе шест дена вкупно беа контролирани 92 угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје при што на 34 угостителски објект од страна на УЈП и ДПИ им беа изречени глоби во висина од околу 87.000 евра во денарска противредност, а исто така глоби согласно Законот за пушење (во висина опд по 150 евра) им се изречени и на над дваесетина гости затекнати со цигари во објектите, спротивно на законските одредби. Покрај ова на 14 објекти од страна на инспекциските служби им се изречени решенија за времена забрана на дејноста во траење од по 15 дена, а во пет случаи од страна на ДПИ и УЈП беше изречена забрана за вршење дејност во траење од 30 дена.