Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во проштална посета го прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Пол Волерс.
Како што соопшти МНР, на средбата беше изразено задоволство од успешната соработка меѓу двете пријателски земји во повеќе значајни домени, нагласувајќи го интересот за нивно натамошно унапредување и продлабочување, преку нови форми на соработка и потпишување конкретни билатерални договори.
Соговорниците разговараа и за НАТО и ЕУ, во контекст на нашиот интерес за интеграција во овие структури. Во оваа насока, се наведува, Попоски истакна дека сме посветена страна во решавањето на ирационалното прашање за името.
Борбата против тероризмот беше, исто така, покрената тема, за која беше заклучено дека неопходна е будност во очи на заканите кои демнеат.
Стана збор и за регионалната соработка која беше оценета како многу важна.
„Министерот Попоски ја поздрави успешната дипломатска мисија на амбасадорот Волерс и воедно, ја искажа благодарноста за неговиот личен придонес во унапредувањето на партнерските односи и на сéвкупната соработка меѓу двете пријателски земји, уверен дека истата ќе продолжи“, се вели во соопштението.