Иванов, Вељаноски и Груевски на божикен ручек кај г.г.Стефан

По повод празнувањето на Свети Стефан и трет ден Божик, поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан попладнево приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв.

На божиќната трпеза присуствуваа претседателот  на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски.

Покрај архиепископот г.г. Стефан, на божиќниот ручек беа митрополитите преспанскo-пелагониски Петар и дебарско-кичевски Тимотеј.

Божиќниот ручек се одржа во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан.

stefan