Канческа-Милеска утре во Општина Вевчани

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре ќе престојува во општина Вевчани каде во 14 часот ќе се обрати на отворањето на Вевчанскиот карневал, кој се одржува под покровителство на Министерството за култура.

Претходно, во 13 часот, министерката Канческа-Милевска во центарот на Вевчани, заедно со градоначалникот Цветомир Угриновски ќе го пуштат во употреба монтажниот објект наменет за продажба на сувенири и друг вид културно-туристички промотивен материјал.