Одбележана 7-годишнината од несреќата на армискиот хеликоптер

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со делегации од Министерството и Генералштабот на АРМ со положување венци со свежо цвеќе кај катлановско Блаце ја одбележаа седумгодишнината од хеликоптерската несреќа во која животот трагично го загубија 11 припадници на Армијата на Република Македонија.

На спомен обележјето свежо цвеќе положија и делегации на Здружената оперативна команда и Воздухопловната бригада, претставници на локалната самоуправа како и членови на семејствата на загинатите припадници на АРМ.

DSC_4902_resize

Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година во услови на магла на локација кај катлановско Блаце, враќајќи ги потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски од мисијата „АЛТЕА“, Босна и Херцеговина.

DSC_5098_resize