Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, кои деновиве се во посета на Катар, денеска имаа средба со ракометарите на која средба им посакаа среќа пред почетокот на Светското првенство.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска ги посетија македонските ракометни репрезентативци во хотелот „Мериот ренесанс“ во Доха. Пред заедничкиот ручек, заедно им посакаа успешен настап на Светското првенство во Катар и да ја израдуваат нацијата, обраќајќи им се со зборовите: „Знаете што очекува Македонија од вас“.
Иванов и Спасески ќе бидат и меѓу високите гости на вечерашната церемонија на свеченото отворање на мундијалот.