Петдневното чествување на големиот христијански празник „Боголавление- Водици„ воОхрид започна синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ со хуманитаарен концерт на роднокрајните фолклорни ансамбли.
На фолклорната вечер ,која ја организира Локалната самоуправа , настапија роднокрајните културно- уметнички друштва „Ѓердан“ , „ Отекс фолк“ , „ Охриѓанка“ , „ Плетенка“ , „ Илинден„ и „ Филиграни“ .
Општинската организација на Црвен Крст ,пред влезот на Центарот за култура постави кутии во кои посетителите можеа да оставаат парични донации. Собраните средства ќе бидат употребени за хуманитарна помош на социјално ранливите категории граѓани.