Годинава светиот крст ќе се фрла од пристаништето

Оваа година Светиот крст за празникот Водици, наместо од бродот како што беше изминатите години, ќе се фрла од пристаништето, односно од „Кај колцето“.

Денес беше извршено обележување на зоната во која капачите ќе смеат да пливаат по крстот. Тоа се прави за да се запази редот и да има фер натпревар помеѓу сите капачи. Исто така денес се изврши обележување и на пристаништето каде ќе се одвиваат церемониите за празникот.