Имплементација на интернет платформа за тренерски дневник во национални селекции и ФФМ Академија

Фудбалската федерација на Македонија организираше еднодневна обука и едукација за имплементација на интернет платформа на водење тренерски дневник.
Обуката се одржа во два дела, првиот дел беше наменет за селекторите и тренерите во националните репрезентации, како и тренерите во паралелките на академијата на ФФМ, додека вториот дел беше наменет за сите останати клубови кои се натпреваруваат во лигите на ФФМ (младински и сениорски).

Почнувајќи од оваа полусезона, ФФМ ќе го користи тренерскиот дневник и апликацијата ќе им овозможи на селекторите и тренерите полесно да ги планираат и креираат своите дневни, неделни, месечни и годишни планови за работа, да ги следат играчите во својот фудбалски развој, како и да скаутираат нови играчи кои подоцна ќе се вклучат во репрезентациите, односно академиите. Новините кои се спроведуваат ќе му овозможат на координаторот целосен увид во сработената програма. Истите овие можности ќе ги имаат и клубовите кои ќе ја преземаат апликацијата.

Тренерскиот дневник заинтересираните да го видат на следниов линк:

www.coach-diary.com

Истот е преведен и на македонски јазик за потребите на клубовите и многу лесно може да се користи.

За оставрување контакт со одговорните лица за пристап, секој клуб може да се обрати на следнава електронска пошта: info@coach-diary.com