Во неделата со полагање свежо цвеќе, ОО на СБ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца, ги одбележаа 72 години од борбата кај „Чешма“ и смртта на Кочa Миленку-Сашо-Пресека.
По реформирањето на партизанскиот одред Питу Гули – Крушево, во Дебрца дошле како инструктори и политички работници двајца негови припадници: Кочa Миленку-Сашо и Нико Доага-Кољката. При нивниот обид да се префрлат преку месноста Пресека на 18.01.1943 година, Сашо бил тешко ранет и гледајќи дека нема спас, да не падне жив во рацете на италијанската патрола, ја активирал бомбата и си го одзел животот, а Кољката бил заробен и затворен во Тиранскиот затвор каде бил изложен на жестоки измачувања. Кољката подоцна избегал од затворот и загинал на Сремски фронт како борец на XV-иот корпус.