Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и по влажни коловози. Врнежи од дожд има во југозападниот дел од републиката.
Магла со видливост од 20м до 100м има на Плетвар-Прилеп-Битола, Желино-Тетово-Гостивар и Охрид.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.