Денеска во Министерството за транспорт и врски се оддржа состанок на Координативното тело на кој се разгледуваше состјбата во поплавнеите подрачја.
Според информациите, критична останува состојбата во долното течение на река Вардар каде се заканува опасност од изливање на реката околу Демир Капија, пред клисурата како и низводно во правец на Гевгелија.
Исто така и помалите притоки на р.Вардар на потегот од Демир Капија до Гевгелија (р.Бошава, р.Дошница, р.Стара, р.Кованска, р.Серменинска, р.Коњска и р.Анска) поради високиот водостој на р.Вардар и неможноста да се влијат во него би можеле да се излеат и да направат заезерување и поплавување пред вливот, односно во устијата на реките.
Екипи на сите надлежни институции се на терен и вршат расчитување на поплавните подрачја, а на критичните делови се преземаат превентивни мерки.
Координативнотот тело препорачува будно следење на состојбата од страна на сите надлежни институции. На граѓаните кои имаат проблеми препораките се да се јават на бесплатниот број 195 во Центарот за управување со кризи. Исто така градоначалниците да ги активираат сите потребни ресурси и доколку имаат потреба да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување.
На сите возачите им се препорачува внимателно возење и информирање за состојбата на патиштата.