Бакрачески: Иницијативата за прогласување на Охрид за светски град на хуманизмот- нов момент во афирмација и промоција на Охрид

Инцијативата за прогласување на Охрид за светски град на хуманизмот што би требало да се случи во текот на 2016 година, на одбележувањето на 1100 годишнината од смртта на Св.Климент Охридски, ќе претставува еден нов момент во афирмација и промоција на градот Охрид како еден центар на културата во Европа и во светот, рече градоначалникот Бакрачески.

„Охрид од секогаш бил симбол на културата во Република Македонија и пошироко. Со отворањето на првата школа за хуманизам пред 1100 години од страна на Свeти .Климент Охридски и секако дека она што денес претставува Охридската академија за хуманизам предводена од г-дин Јордан Плевнеш и Светлин Русев, претставува на некој начин продолжување или обид за продолжување на некогашната средновековна школа за хуманизам . Истовремено, тоа претставува можност градот Охрид да биде и понатаму адекватно афирмиран на културно поле, онака како што ние годиниве наназад во континуитет го правиме со организација на голем број на културни манифестации, настани и активности кои што секојдневно се реализираат преку програмите на Локалната самоуправа.“- истакна Бакрачески.

WebOhrid