Бројот на ноќевања во туристичките сместувачки капацитети во земјите-членки на Европската унија во 2014 година, изнесува околу 2,7 милијарди, што претставува зголемување од 1,7% во споредба со 2013 година.
Топ земји во оваа статистичка категорија за минатата година се: Франција (403 милиони ноќевања), Шпанија (401 милион), Италија (370 милиони) и Германија (366 милиони).
Според податоците на Европската статистичка канцеларија – ЕУРОСТАТ, по падот забележан во 2009 година како последица на финансиската криза, во последните пет години следи постојан пораст на бројот на ноќевањата во туристичките капацитети во ЕУ.