Пронајдена дрога кај скопјанец во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Т.(17) од Скопје за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 12.08.2014 година околу 03,00 часот во Охрид од страна на полициски службеници е извршен преглед над пријавениот, при што се пронајдени пет полиетиленски паковања со 1,72 грама марихуана и еден џоинт со 0,22 грама мешавина на марихуана помешана со тутун.