Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, изнесува 102.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (8.5%), Рударство и вадење на камен (7.6%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.4%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (11.2%), Градежништво (4.4%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.8%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2014, изнесува 21 588 денари. Во ноември 2014 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.