Се санираат ударните дупки низ Охрид

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, а по претходно утврден план и динамика за работа, теренски екипи на ЈП „Нискоградба“ започнаа со санација на ударните дупки низ улиците по целата територија на општина Охрид.

Деновиве, ударни дупки се санираа на улиците „7-ми Ноември“, „Кленоец“ и „Питу Гули“, а откако ќе дозволат временските услови градежните активности ќе продолжат по должината на улиците „Егејска“, „Туристичка“, „Даме Груев“, „Димитар Влахов“, „Марко Цепенков“, „Пере Тошев“ и уште некои помали улици на периферијата од општината.

По гребењето на асфалтот дупките се пополнуваат со бехатон плочки, а во краток временски период тие ќе бидат заменети со асфалт.

Sanacija_udarni_dupki_02022015483 Sanacija_udarni_dupki_020220154851 Sanacija_udarni_dupki_020220154852