ЕВН Македонија се приклучи на акцијата на Црвениот Крст за помош на најпогоденото население во поплавите што ја зафатија Македонија. Донирани се флаширана вода за пиење и средства за дезинфекција како најнеопходни во овој момент за населението во Струмица, Штип, Чешиново-Облешево, Прилеп и другите подрачја во кои поради излевањето на реките водата не е за пиење или воопшто ја нема.
Соработката со Црвениот Крст за помош на поплавените подрачја ќе продолжи и натаму, согласно потребите на населението во кризните подрачja.