Општина: СДСМ големиот вишок слободно време го пополнува со бесцелни соопштенија до јавноста

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати општина Охрид, во која стои:

„Во недостаток на идеи и одговорности очигледно е дека СДСМ- Охрид, големиот вишок на слободно време во текот на работниот ден го пополнува со бесцелни соопштенија до јавноста.

Уште еднаш ги потсетуваме на почитуваните од СДСМ- Охрид, дека во процесот на изготвување на решенијата за легализација учествуваат повеќе лица од различни профили и истите после финална проверка се одобруваат и потпишуваат од страна на раководителите во Секторот за урбанизам и се донесуваат од страна на градоначалникот. Од тие причини законитоста на решенијата за легализација не може да се доведе во прашање.

Општина Охрид ги презеде сите потребни законски дејствија во рамките на своите надлежности за евалуација и расчистување на овој случај, а воедно ги повика надлежните институциите да постапат согласно прописите.“– се вели во соопштението.