Неколку фирми од Охрид пратија помош за поплавените подрачја

Како израз на позитивен пример, а во насока на поттикнување на компании, фирми и други субјекти во Охрид да се приклучат во хуманитарната акција за собирање на помош за погодените од поплавите во Источна Македонија, од Црвениот крст Охрид информираат дека членовите на Лајонс клуб Десарети, кои веднаш по објавување на апелот за помош, во текот на вчерашниот ден донираа 1,5 тон вода за потребите на жителите во поплавените подрачја.

За денес помош во освежителни пијалоци најави и компанијата Словин Тем-Хем. ГП Ремис Охрид денес испраќа еден шлепер со вода за поплавените подрачја во битолскиот регион Новаци и Могила.

До Црвен крст Охрид помош понудија и организациите на Црвен крст од Ужице И Крагујевац, Србија.

Од Црвениот крст потсетуваат дека, за населението во Источна Македонија погодени со поплавите, во моментов, се најнеопходни флаширана вода, средства за хигиена. Заинтересираните донатори видот на помошта потребно е да ја најават во Црвен крст Охрид на еден од телефоните 046 261-909 или 070 315-309, од каде ке добијат насоки за доставување на истата.