По долги години денес за првпат и елшанци ја „вкусија“ силата на надојдената река како последица на топењето на снеговите од Галичица придружено со обилните синоќешни дождови. Особено беа загрижени жителите чии куќи и ниви се на центарот, односно на сретселото каде е и протекува Елшанска Река. Но за среќа, поплавени се и тоа делумно само неколку подрумски простории и гаражи кои се под водотекот, како и ниви и бавчи покрај течението на реката. Сепак, ова е предупредување и потсетување за елшанци на далечната 1976 година кога навистина се случи огромна и опасна поплава во која настрадаа многу куќи и други објекти како и тогаш ретките автомобили паркирани на сретселото.
Денес, поплавата беше симболична, а надојдената вода и сето она што таа по себе го остави, грижливо го отстранија најблиските соседи од сретселсклите куќи во Елшани.
Дим Дон/WebOhrid