Пакет со хигиенски средства, ќебиња и вода денеска од Црвениот крст добија 72 семејства главно од ромска националност зафатени со поплавите на улица „Прилеска“ во близина на Зајашка река во Кичево.
Семејствата денеска ги посети министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во придружба на директорот на Центарот за социјални работи во Кичево, Дашмир Лимани, пратеникот Благоја Деспотоски и секретарот на општината Рамиз Реџепи.
Спасов упати апел до сите граѓани кои имат можност да донират средства отворените телефони за таа намена. Во наредните денови ќе се формира комисија која ќе изврши проценка на настанатата штета.
Заедно со преставниците од Црвениот Крст кои делеа помош во Кичево беше и медицинска екипа.
Градоначалникот на општината Кичево, Фатмир Дехари вети помош за настраданите, а заедно со него на терен излегоа и преставници на ЈП Комуналец.