На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, ќе се вклучат во акцијата за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Република Македонија.
Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон граѓаните во поплавените региони, ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства како и со донирање преку мобилните оператори на отворените мобилни броеви 070/075/077 143-400.
Собраната хуманитарна финансиска помош, СВР Охрид како општествено одговорна институција ќе ја достави до општинската организација на Црвениот крст од Охрид, а потоа ќе се дистрибуира до граѓаните чии домови се поплавени и уништени.