Надлежните служби ги пополнуваат ударните дупки низ охридските улици

Надлежните служби од општина Охрид и на ниски температури интензивно работат на санирање на штетите и пополнување на ударните дупки низ охридските улици по снежното невреме во Охрид.

Оперативните екипи на ЈП „Нискоградба“, вчера и во текот на денешниот ден работат на санација на ударните дупки на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улица „Стив Наумов“.

Опсежната и интензивна акција за санација на штетите низ охридските улици ќе продолжи со несмалено темпо и со уште посилен интензитет во наредниов период.