Хуманитарна акција на ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Од срце за татковината

Средношколската младинска организација од ОУТУ „Ванчо Питошески“ во периодот од 9-ти до 13-ти февруари организира хуманитарна акција „Од срце за татковината“, за помош на семејствата од поплавените подрачја низ Македонија.

„За таа цел сите вработени во Училиштето и учениците кои се во можност донираат: нерасипливи и некршливи прехрамбени производи, конзервирана храна, шпагети, макарони, смоки, чипс, паштети, училишен прибор, храна за деца, големи количества вода, облека и постелнина, млеко во прав, пелени, средства за лична хигиена како и парични средства кои ќе бидат донирани на сметките за помош на луѓето.

Собраните средства понатаму спакувани во соодветни картонски кутии ќе бидат доставени до „Црвен крст- Охрид“.

Нашите срца се со луѓето. Горди сме што сме Македонци, горди сме на нашите ученици и професори. Покажавме дека имаме големо срце, дека сме училиште на солидарност – центар за пример. Ова е уште еден потег кој е за поздравување.“– велат од  средношколската младинска организација од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид.

Акцијата која е со хуманитарен карактер има за цел да ја поттикне хуманоста кај младите, но и возрасните и преку конкретни дела да се покаже солидарноста и грижата за нашите сограѓани.

„Многу е важно што кај учениците се развива свеста за солидарност, да се даде помош во моменти кога на човек му е најпотребна, да се сочувствува со туѓата болка, да се размислува за природните катастрофи како нешто што може да му се случи на секому и секаде, но токму човечкото во нас истите може да ги ублажи. Подадената рака е утеха! Акцијата продолжува и понатаму.“- додаваат оттаму.

HumanitarnaVancoPitoseskiPoplavi01 HumanitarnaVancoPitoseskiPoplavi02 HumanitarnaVancoPitoseskiPoplavi03 HumanitarnaVancoPitoseskiPoplavi04