Во пресрет на празникот Задушница, екипи на ЈП „Градски гробишта“ вчера и денеска интензивно работат на средување на градските гробишта. Притоа, екипите „Паркови и зеленило” работат на чистење, метење и средување на целокупниот простор низ гробишта, додека пак градежната оператива на претпријатието работи комплетно на санација на сите настанати штети од временските непогоди во изминатиот период.