Повторно запален контејнер – овој пат на ул. „Македонски Просветители“

Измина само едно деноноќие откако беше забележан изгорен контејнер на улица „Пере Тошев„ и откако ЈП „Охридски Комуналец“ упати апел до граѓаните да не фрлаат недогорени остатоци во контејнерите, денеска повторно е евидентиран изгорен контејнер на улицата „Македонски Просветители“ наспроти „Противпожарната територијална единица“- Охрид.

101255_resized

Фотографиите сами зборуваат, но дали ќе проработат совеста и казните …