Преподобна Макрина

Преподобна Макрина

Баба му на Свети Василиј Велики. Беше прекрасна во умот и во благочестието. Ученичка на Св. Григориј Неокесариски чудотворец. За време на гонењата на Диоклецијан го напушти својот дом и со мажот ѝ , Василиј, се криеја по шумите и пустините. Нивниот имот беше конфискуван, но тие не жалеа за тоа. Лишени од с ѐ освен од љубовта кон Бога, се населија во една прастара шума, во која поминаа седум години. По Божја Промисла кози се спуштаа од планините и им се подаваа да ги нахранат со млеко, па така го подмируваа гладот. Обајцата се упокоија мирно во 4 век, после многу страдања за верата Христова.