Зголемен бројот на туристи во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари- декември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.7%, а кај странските има зголемување за 6.4%.

Во периодот јануари- декември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.2%, а кај странските има зголемување за 4.7%.

Бројот на туристите во декември 2014 година изнесува 32 413, а бројот на ноќевањата изнесува 64 687. Бројот на туристите во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, е намален за 3.8%, а бројот на ноќевањата е намален за 6.3%.

Бројот на домашните туристи во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, е намален за 6.9%, а бројот на странските туристи е намален за 1.7%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, е намален за 0.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 10.0%.