Две пријателки решиле да одат во дискотека. Лудувале цела вечер и кога си оделе накај дома, бидејќи било многу доцна, решиле да скратат и да поминат низ гробиштата. Додека поминувале низ гробишта, црна темница, се преплашиле од што и да шушнело, па и двете се покакале од страв…
Едната ги фрлила гаќите, а другата дофатила некој венец и скинала парче за да се избрише…
Другиот ден се сретнале нивните мажи и разговараат:
– Изгледа жените сношти ни беа на швалерај! Ене мојана се врати без гаќи!
Другиот му вели:
– Не е тоа ништо, на задникот од мојана пишува: Никогаш нема да те заборавиме!“