Единицата за општ криминал при СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава ги предаде лицата Д.О. (19 ) и М.А. (19) и двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле три кривични дела – “разбојништво“, и притоа се здобиле со противправна имотна корист од околу 39.500 денари. Од страна на судија во претходна постапка на двете лица им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.
Кривичните дела пријавените ги извршиле период од крајот на минатиот месец до 10 овој месец, во вечерните часови, и тоа две на подрачје на Чаир и едно на подрачје на Бит Пазар.
Првото кривично дело Д.О. и М.А. го извршиле на тој начин што откако ја пресретнале оштетената со физичка сила ја турнале на земја, со рака и ја затвориле устата, со нож ја пресекле на прстот и од раката и го одзеле мобилниот телефон, при што со трчање заминале. Од мобилниот телефон ја извадиле сим картичката и ја фрлиле, а потоа наредниот ден го продале на Бит Пазар на непознато лице, а парите ги потрошиле за свои лични потреби.
Другите две кривични дела, пак, ги извршиле на тој начин што додека оштетените се движеле по улица, тие од зад грб им се приближувале и со закана со физичка сила и со претрес по облеката од оштетените одзеле паричник и мобилни телефони.
Во просториите на ПС ОН Бит Пазар во присуство на ЈО извршено е класично препознавање на лица и предмети при што од страна на оштетените со сигурност биле препознаени пријавените. Со потврда за привремно одземени предмети од Д.О. одземен е еден мобилен телефон и истиот е вратен на оштетениот. Исто така од страна на полициските службеници извршен е и службен разговор со пријавенитe пришто тие во целост ги признале кривичните дела.
Инаку Д.О. е регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што во периодот од 2012 /2104 година од страна на СВР Скопје поднесени се две кривични пријави.